Пред следниот викенд промена на времето

Loading...

Времето во земјава денес ќе биде сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5 до 13 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 31  степен Целзиусов.
И во Скопје и околината слично време, сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 11 степени, а во текот денот ќе достигне до 29 степени.
Како што најавуваат метеоролозите, топлото и ведро време ќе се задржи до средината на идната недела, односно до четврток кога ќе се зголемат условите за локален дожд.

loading...