Пред Собрание врие од полиција – ќе се гласаат ли Уставните измени?!

Loading...

Околу зградата на Собранието и околу него денес е забележано големо полициско обезбедување. Се стекнува впечаток дека врие од полиција пред Собранието.  Дали се очекува денес да се гласаат Уставните измани, па заради тоа е побарано поголемо обезбедување?
Инаку во Собранието денес продолжува седницата за Уставните измени, но дали ќе се гласа е неизвесно. Во пресрет на денешната седница на Парламентот од Брисел и Вашингтон стигнаа пораки на охрабрување до пратениците за поддршка за Уставните измени.
На последната седница пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од своите дискусии и најавија дека ќе гласаат против Уставните измени. Пријавени за дискусија има уште 20 – тина пратеници меѓу кои и од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...