Пред 15 години го изгубила синот, се разделила со партнерот и останала без дом: Денес има компанија која вреди повеќе од милион фунти

Loading...

Британката Ванеса Огден Мос денес е милионерка и мајка на шест деца, но нејзиниот живот не бил отсекогаш лесен.
Како што раскажала за “Daily Mail”, Ванеса пред 15 години го изгубила синот кој на 5-годишна возраст починал од редок облик на рак на мозок, по што доживеала нервен слом. Освен тоа, Мос се разделила со тогашниот партнер и останала без дом, па била приморана да живее кај семејството и пријателите.
Својата тага, Ванеса ја пренасочила во работата и започнала преку социјалните мрежи да ги мотивира другите на разни начини, од слабеење до развој на сопствен бизнис, а денес има компанија која вреди повеќе од еден милион фунти.


“Никогаш не матурирав бидејќи многу млада останав бремена”, раскажала милионерката која со години била домаќинка без, како што вели и самата, некакви работни вештини. Откако починал нејзиниот син, едвај функционирала и набрзо морала да прогласи банкрот по кој останала и без дом.
“Сметката ми беше празна, не заработував, а живеев кај роднините и пријателите. Сепак, имав компјутер, а благодарение на нив и бесплатен интернет”. Тогаш на Фејсбук ја покренала групата “Yummy Mummy” преку која започнала да ги советува новопечените мајки како за краток период да ги изгубат килограмите кои ги добиле во текот на бременоста. Набрзо луѓето почнале да го покажуваат своето задоволство од нејзините совети така што биле спремни да ѝ плаќаат. Со тоа, Ванеса основала компанија и преку неа започнала да води и онлајн курс наречен “Master Classes” каде им давала совети на луѓето како да бидат успешни во она што го прават.Минатиот месец откако ја издала и книгата “Make A Million From Home”, Мос пријавила профил од 1,7 милиони фунти.
“Пред 15 години немав каде да живеам, а минатиот месец бев на летување на Бали, моментално заработувам околу 25 илјади фунти неделно и дадов понуда за нова куќа во Винслоу”, раскажала таа и додала дека дури неодамна сфатила што сѐ постигнала во последните неколку години, а сега за првпат проговорила и за смртта на својот син Том.

“Ракот се појави изненадно и го нападна неговиот мозок”, се присетила и рекла дека состојбата на Том во последната фаза рапидно се влошила и дека длабоко во себе таа знаела дека ќе ја изгуби битката со болеста.

“Тешко се опишува како се чувствував откако Том почина. Тој повеќе не патеше, но јас бев скршена бидејќи го нема. Не можев да функционирам, болката ме совладуваше до таа мера што не можев ни да се облекувам”, вели Ванеса која во последните 12 години добила уште три деца заедно со сопругот Бен и додала дека “никогаш не би закрепнала доколку не се фокусирала на тоа да им помага на другите”.
“Им помагав на другите, несвесна дека целото тоа време си помагав себеси”.

loading...