Преживеал абортус: Мислеле дека минијатурното бебе е мртво, но се случило чудо

„Мајката викала дека не го сака Тим и се заканувала со самоубиство. Иако е роден жив, лекарите го оставиле. Го спасил лекар од втората смена…
Тим, кој бил познат како „Олденбургер бебе“ (според градот Олденберг во Долна Саксонија) умрел на 4. јануари. Имал 22. година. Во 1997-ма година кога неговата мајка била во 25-та недела на бременост дознала дека детето го има Дауновиот синдром.

Веднаш одлучила да абортира. Викала дека не го сака тоа дете и веднаш да го извадат. Се заканувала со самоубиство односно дека ќе скокне од прозорецот. Поради нејзината психичка состојба лекарите се одлучиле да направат задоцнет абортус.
Но, Тим, преживеал. Бил долг само 31 сантиметар и тежок 690 грама. Лекарите само го оставиле. Дури откако се променила смената го нашол друг лекар. Детето било многу настинато и мозокот му бил тешко оштетен.

Подоцна го посвоиле Симоне и Берхард Гуидо. Животот на Тим го опишале во книга која се појавила на неговиот 18. роденден.
Тим не можел да зборува, носел пелени и го хранеле на сонда. Но, често си играл со фризби и понекогаш аплаудирал и викал што на неговите родители им било знак дека се радува.
„Многу сме тажни и не знаеме како ќе го преживееме губењето на нашето дете“, порачале Симоне и Берхард после смртта на Тим, пишува Bild.

Loading...