Презира шминка, спие по 15 часа дневно, со денови јаде само лосос: Ова е бизарната рутина за убавина на Мараја Кери

Loading...

Сопственичката на еден од најдобрите гласови во музичката историја за себе го одбира најдоброто, а нејзините ритуали за нега и грижа за себеси изненадија многумина – еве и зошто.
Ова се само некои од најлудите „трикови“ за убавиот изглед на Мараја:
Спие најмалку 15 часа
Мараја Кери не верува во популарната приказна за 8-часовниот сон кој е доволен за прекрасен изглед. Славната пејачка секоја вечер спие на свилени навлаки за перница, барем 15 часа, во соба во која се наоѓаат 20-тина навлажнувачи на воздух. Ваквиот трик го позајмила од легендарниот пејач Лутер Вандрос кој верувал дека токму навлажнувачите на воздух го штитат неговиот глас.
Пред важни настапи, Мараја спие и по 20 часа, а кога не може да потоне во сон како што замислила, повикува масерка која ѝ помага при опуштањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)


Се капе во млеко
Слвната пејачка обожува скапи козметички производи, но најдраг ѝ е ритуалот за убавина кој го ископирала од Клеопатра.
Во едно интервју Кери открила дека баш поради млекото, нејзината кожа е мека и мазна, а за најдобар ефект млекото мора да биде – ладно.
Неонските светла се нејзин најголем непријател
Ако се прашувате зошто на бројните фотографии и видеа, Мараја носи големи очила за сонце иако е во затворен простор, одговорот ќе ве изненади. Мараја не носи очила за сонце за да изгледа како суперѕвезда туку избегнува некој да ја види, или уште полошо – да ја фотографира под неонско светло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)


„Имам правило дека не сакам да ме фотографираат под неонско светло, тоа е така во стил на 90-те“, изјавила Кери на еден свој концерт во 2016 година.
Никогаш не носи маскара
Верувале или не, гламурозната Мараја презира шминка, особено маскара. На настапите сака да носи вештачки трепки, но во приватниот живот се обидува да носи што помалку шминка за нејзината кожа да одмори. Уште поважно, таа мрази да ја чисти шминката.

loading...