Прекрасен гест : Студенти по медицина им помагаат на своите колеги кои не се во можност да си ги купат книгите

Loading...

Здружението на студенти по медицина (ЗСМ) ги повика сите студенти од Медицинскиот факултет во Скопје, кои не се во можност да си ги купат книгите, скриптите и практикумите, да се пријават кај нив за да им се помогне за да си ги обезбедат.
Како што појаснува Марио Петрески, претседател на ЗСМ, идејата едногласно ја поддржале 70-тината членови на здружението, свесни дека набавката на овие материјали може да претставува сериозно финансиско оптоварување за студентите по медицина.
„Сметаме дека има студенти за кои е проблем да платат по 500, 600 или 700 денари за скриптите што имаат над 500 страници. Имаме 70-тина членови кои плаќаат членарина. Можеме да им ги позајмиме и нашите книги. Ако има повеќе пријави ќе повикаме и други студенти да донираат свои книги“, вели Петрески.
Тој појаснува дека иако има библиотека на Медицинскиот факултет, таму се чуваат 30-40 примероци од секој предмет, а во генерација има над 300 студенти. Затоа, вели, тешко се доаѓа до овие книги и потребна е поголема солидарност. Дел од книгите, додава, ако се купат, чинат и над 6000 денари.
Секој студент кој што сака да добие книги за новиот семестар, потребно е да испрати мејл на [email protected] во кој што ќе ги наведе учебните помагала кои што му се потребни. Студентот ќе ги добие на изнајмување сите учебници и практикуми кои што ќе ги побара. Неговото име нема да биде спомнато на ниту едно јавно место и во ниту една комуникација помеѓу студентите, додаваат од ЗСМ.
Извор: Радио

loading...