Премиерно прикажан филмот за Наташа Кампуш

Loading...

Во понеделникот навечер беше прикажана во Виена премиерата на филмот „3096 дена“ на режисерката Шери Хорман, кој претставува екранизација на страдањата на Наташа Кампуш која била грабната на десетгодишна возраст и злоставувана цели осум години во подрум во куќа во близина на австриската престолнина.„Се препознав во филмот. Меѓутоа, стварноста беше многу полоша. Не можете да ја прикажете на филм, тоа не би требало да биде хорор филм“ изјави претходно Наташа Кампуш, која сега има 25 години.Според австриските филмски критичари, ова дело на режисерката Хорман реалистично го прикажува свирепото злоставување на девојчето што го толкува Амеила Пижен, а потоа ликот на возрасната девојка го толкува северноирската актерка Антоние Кемпбел-Хјуз. Нејзиниот грабнувач Волфганг Прокопил, според критиката, брилијантно го толкува данскиот актер Туре Линдхардт.Антониа Кембел-Хјуз загубила толку килограми за потребите на ликот што го толкува, што речиси изгледа како жив скелет. „Глумејќи вистински настани знаете дека морате да дадете многу повеќе. Од почетокот беше договорено дека ќе патам колку и таа“, вели актерката за лондонскиот дневен весник Hughes.Наташа Кампуш била грабната на пат за училиште на 2-ри март 1998 година. Грабнувачот Приклопил, кој во моментот на грабнувањето бил невработен 35-годишник, ја злоставувал во подрумската просторија помала од шест квадратни метри во неговиот дом во Страшхоф, во близина на Виена.Кампуш била во заложништво точно 3.096 денови, од каде и потекнува насловот на филмот. Успеала да побегне на 28-ми август 2006 година, а Приклопил истата вечер извршил самоубиство .
МакфаксВо понеделникот навечер беше прикажана во Виена премиерата на филмот „3096 дена“ на режисерката Шери

loading...