Премиерот Заев денес во посета на Албанија

Loading...

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес ќе престојуваат во официјална посета на Албанија. Како што соопшти прес-службата на Владата во рамките на посетата предвидени се средби на владино и државно ниво.
Во текот на претпладнево, премиерот и владината делегација ќе се сретнат со албанскиот премиер Еди Рама по што најавена е заедничка прес-конференција. За попладне предвидена е средба со претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи.

loading...