Премиерот Заев денес во посета на Чешка

Премиерот Зоран Заев денеска е во еднодневна работна посета на Прага, Република Чешка каде ќе учествува на Самитот на премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.
Како што најави владината прес-служба премиерот Заев ќе се сретне со премиерот на Чешка, Андреј Бабиш на работен ручек организиран заедно со премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.

Loading...