Премиерот Ковачевски ја пречека финската премиерка Марин, на првата посета на Финска во Северна Македонија

Претседателката на Владата на Република Финска Сана Марин пристигна во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.

Премиерката Марин во Владата на Република Северна Македонија ја пречека премиерот Ковачевски, кој со претседателката на Владата на Република Финска, согласно агендата, ќе имаат тет-а-тет средба.

Премиерот Ковачевски и премиерката Марин потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Премиерите Ковачевски и Марин работниот дел од средбата ќе го завршат со заедничка прес-конференција.

Во фокусот на средбата Ковачевски-Марин беше поддршката што Република Финска ја добива во процесот за пристапување на оваа земја во НАТО, како и силното застапување на Финска за проширувањето на ЕУ со отпочнување на преговорите за Северна Македонија за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски за време на разговорот со премиерката Марин истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во Евро-Атлантскиот Регион, особено регионот на Високиот Север и Балтикот.

Премиерите Ковачевски и Марин споделија согласност дека од посебна важност за Европа е итниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ без дополнителни условувања што Финска силно го препорачува како признание за нашата земја којашто ги исполни сите критериуми за организирање на првата меѓувладина конференција за отворање на поглавјата за членство.

Двајцата премиери на средбата изразија подготвеност да ги поддржат сите потенцијали за унапредување на економската соработка и соработката во сферите на образованието и дигитализацијата.

После тет-а-тет средбата, делегациите одржаа и билатерална средба на која од наша страна учествуваа Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.