Премиер лигата е најгледана, Баерн Минхен европски рекордер во гледаност

Loading...

Анализите за тоа која европска фудбалска лига е најгледана, покажала дека далеку пред останатите е англиската Премиер лига.

Англиското првенство води со просечна исполнетост на стадионите од 95 отсто, следува Бундес лигата со 88%, а зад нив се Примера, Серија А и францускиот шампионат. Манчестер Јунајтед е најгледан на домашен терен, капацитетот на ‘Олд Трафорд’ во просек е исполнет со 99,6 отсто, следуваат Арсенал и Тотенхем со 99,1%, најмала посета на домашен терен во просек имаат Астон Вила 78% и Фулам 75%. Кога станува збор за Германија, но и за Европа, неприкосновен е Баерн Минхен, чија „Алијанц Арена’ на секој натпревар е 100 отсто исполнета. Следуваат Борусија Дортмунд со 99,7% и Шалке со 98,8%. Само три тима во Германија имаат посетеност под 80 отсто – Хофенхајм, Фортуна и Нинберг. Во Примера, кога Реал Мадрид игра на домашен терен, ‘Сантијаго Бернабеу’ е исполнет со 98,2%, а веднаш зад ‘кралскиот клуб’ следува Гранада со 92%. Во Франција, поголема гледаност од 85% имаат само Пари Сен Жерман, Лил и Лориен. Во Италија само Јувентус може да се пофали дека капацитетот на неговиот стадион е речиси исполнет, Јуве го гледаат 94 отсто гледачи на секој натпревар. На пример Неапол, Милан и Интер имаат гледаност од 50%, додека далеку најмала гледаност има 21 отсто.
Макфакс
Анализите за тоа која европска фудбалска лига е најгледана, покажала дека далеку пред останатите е англиската Премиер лига.

loading...
Loading...