Премногу се потите и ве измачува непријатниот мирис? Еве што треба да направите!

Loading...

Потењето е сосема природно, особено кога температурите се високи, меѓутоа доколку миризбата е полоша од претходно, за тоа можеби е виновна исхраната.
Потењето е начин со кој телото кажува дека е време да се изладите или е реакција на некоја стресна ситуацијата. Дерматологот, Џошуа Зајнер истакнува дека постојат многу начини за да се избегне лошата миризба под пазувите, како што е употреба на дезодоранс и да се одржува хигиена, но дека и промената во исхраната може да има големо влијание.
“Мирисот зависи од различните типови на бактерии кои се наоѓаат на кожата, заедно со различните типови на храна која ја внесувате. Иако се здрави, одреден зеленчук како брокула, зелка, аспарагус и карфиол го зголемуваат потењето и непријатните гасови, па не би било лошо доколку го намалите внесот на овие намирници”.
Доктор Зајхнер вели дека ова се случува бидејќи телото се бори да ја свари оваа храна. Со метаболичкиот процес се ослободуваат испарливи соединенија кои излегуваат од телото оставајќи траги од непријатен мирис.

loading...
Loading...