Пренасочување на сообраќајот заради концертот на Здравко Чолиќ

Одделението за безбедност на патниот сообраќај денес од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот заради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.
Како што соопштија од МВР ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, улиците „Аминта 3-ти“ и „Наум Наумовски – Борче“.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

 

Loading...