Преполна со влакна, штити од дијабетес, го зајакнува имунитетот: Дали цикоријата може да го замени кафето?

Loading...

Прекумерната консумација на кофеин влијае на здравјето на организмот, а на пазарот сè почесто гледаме различни алтернативи за него.
На прво место е цикоријата, која има многу сличен вкус на кафето.
Што е цикорија?
Напитокот се прави од коренот на цикоријата која се суши, се пржи и меле како вистинско кафе. Околу вкусот има многу контроверзии: некои тврдат дека речиси и не се разликува од кафето додека други го сметаат овој пијалак за прилично специфичен и велат дека воопшто не наликува на кафе.
Сепак, количината на хранливи состојки во коренот на цикоријата е импресивна: витамини од групата А, Б и Е, витамин Ц, влакна, магнезиум и инсулин (што го прави идеален напиток за лицата со дијабетес). Покрај тоа, цикоријата, за разлика од кафето кое ја иритира слузницата на желудникот, благотворно делува и на здравјето на дигестивниот систем.


Кои се здравствените предности на цикоријата?
Нутриционистите едногласно утврдиле неколку корисни својства на цикоријата:
– висока содржина на влакна и микроелементи кои обезбедуваат здраво варење и ја нормализираат рамнотежата на цревната микрофлора
– превенција од дијабетес поради високата содржина на инсулин
– намалување на ризикот од воспалителни процеси во телото
– зајакнување на имунолошкиот систем
Дали цикоријата има ист ефект како кафето?
Добро е познат фактот дека кофеинот ги подобрува перформансите и концентрацијата, а цикоријата воопшто не содржи кофеин. Меѓутоа, ако пиете цикорија минимум еден месец, вкупниот умор на телото ќе се намали поради влијанието на комплексот од витамини. Но, ако морате итно да се расоните по непроспиената ноќ, шолјата црно кафе ќе биде многу поефикасна.
Дали е возможно потполно да се замени кафето со цикорија?
Растенијата и напитоците од овие растенија премногу се разликуваат за да може да се оценат во поглед на заменливост. И кафето и цикоријата имаат свои предности и недостатоци – изборот останува на вас.

loading...