Преспанскиот договор не може да се поништи при смена на власта, тој е поврзан со НАТО и ЕУ

Loading...

Одговарајќи на новинарски прашања, македонскиот премиер Зоран Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази верување дека негодувањето на Преспанскиот договор од страна на македонската и грчката опозиција е само од политички причини.
– Сите кои имаат резерва од Договорот ќе ги видат придобивките од енергетските објекти, од фабриките во двете земји, од трговската размена што веќе почна да расте, од двата нови гранични премини, од туризмот… Верувам дека сето тоа ќе донесе придобвики и ќе се потрудиме сите антагонисти да ги придобиеме и да бидат приврзаници на Договорот – изјави Заев, додавајќи дека не верува дека Договорот може да биде поништен при смена на власта, особено, порача премиерот, ваков договор што носи само придобивки.
– Кога и опозицијата ќе стане власт, што еден ден ќе се случи, иако јас се надевам дека и во двете држави тоа ќе биде што подалеку од денес, ќе сака да го сочува тоа што е постигнато. Дали ќе го прекине членството во НАТО, дали ќе престане да преговара за членство во ЕУ? Нема, тоа е поврзаноста со договорот – додаде Заев.

loading...