Престанете да барате утеха во храната, нема да ја најдете

Loading...

Одредени видови храна го стимулираат лачењето на хормоните на среќа и прават да се чувствувате подобро. За жал, стимулирачкиот ефект на овие видови храна е краткотраен, а ниту сте ги решиле проблемите, туку напротив сте добиле нов проблем – вишок на килограми.
Психолозите велат дека многу луѓе ја користат храната како гориво кое го бутка напред нивниот живот. Тие јадат за да се чувствуваат задоволни бидејќи некои видови на храна го стимулираат лачењето на хормоните на среќа и да прават навистина да се чувствувате подобро. Овој вид на храна најчесто е многу калоричен и штетен за нашето здравје, особено ако се конзумира во големи количини.


За жал, предупредуваат експерите, стимулирачкиот ефект на храната е краткотраен, а често е проследен со чувство на вина бидејќи не сте можеле да одолеете на искушението.
Луѓето често јадат храна за утеха кога се тажни, разочарани и несреќни. Но, доколку јадењето е единственото нешто што може да ве орасположи, тогаш навистина имате проблем бидејќи по некое време нема да имате повеќе контрола над вашиот апетит, што може да доведе до сериозни проблеми со тежината и со вашето здравје.
Експертите советуваат да побарате стручна помош доколку сметате дека имате проблеми со јадењето, односно доколку јадете за да се чувствувате среќни. Тие сметаат дека на овој тип на луѓе им е потребна професионална помош која ќе ги одвлече од канџите на зависноста од храната за утеха и ќе им покаже како повторно да воспостават контрола врз својот живот, да имаат поголема самодоверба и да си помогнат на себеси.

loading...