Претпладне сонце, попладне дожд

Времето во Македонија денес претпладне ќе биде сончево, додека попладне локално ќе паѓа дожд. Ќе биде и посвежо, а некаде дождот ќе биде пороен, најавуваат од УХМР за денес и деновите од викендот. Денес и во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.
Минималните дневни температури ќе се движат помеѓу 9 и 19, а масималните ќе достигнат до 32 степена Целзиусови.