Претпладне сончево, попладне наоблачување и ветер

Loading...

Денес претпладне времето во земјава ќе биде сончево, а преку денот и понатаму многу топло. Од пладне на север и на запад малку ќе се зголеми облачноста и во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Засилениот ветер попладне ќе се прошири вдолж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната од 27 до 35 степени Целзиусови. Поради високите температури утре на југоистокот се уште ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури.
И во Скопје утре претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе започне да дува повремено засилен северен ветер и малку ќе се зголеми облачноста. Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.

loading...