Претпладне сончево, попладне нестабилно

Loading...

Времето во земјава претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи помеѓу 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
И во Скопје времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи помеѓу 17 до 32 степена.
Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.

loading...