Претпладне умерена облачност, попладне нестабилно

Во Македонија времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се движи од 22 до 33 степени Целзиусови . УВ-индексот ќе изнесува 7.
И во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 30-от степен.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Loading...