Претрес кај три лица по проширувањето на истрагата за „Рекет“, побаран притвор за Мандиќ

Обвинителката Вилма Рускоска пред Кривичниот суд изјави дека даден е налог за претрес кај три физички лица кои се опфатени по проширувањето на истрагата за „Рекет“ за Меѓународниот сојуз Скопје.
За едно лице, односно Јасна Мандиќ е побаран притвор, а за останатите само мерки на претпазливост.


Инаку, осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се пратеничката Фросина Ташевска Ременски, Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ.

Loading...