Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија.

Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Куманово и Прилеп и положија свежо цвеќе пред Спомен – костурницата во Куманово, споменикот на Методија Андонов – Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.

Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание годинава се одржаа под мотото „Секогаш на вистинската страна“. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.