Претседателот Пендаровски ќе ѝ се обрати на нацијата

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска во 14.00 часот ќе и се обрати на нацијата по повод разврската на Самитот на ЕУ лидерите во Брисел, каде не беше постигната одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија.
Од кабинетот на претседателот потврдуваат за „Фокус“ дека Пендаровски ќе има јавно обраќање. При тоа тој ќе ги повика лидерите на средба и ќе повика на обединетост и сплотеност.
Претседателот ќе се произнесе за случувањата на ЕУ Самитот и, како што се дознава ќе ги потврди евроаталанските аспирации на Македонија.

 

Loading...