Претставници на Управата учествуваат на Форум за заштита на културното наследство на УНЕСКО

На повик од УНЕСКО во Париз, делегација од Управата за заштита на културното наследство, предводена од директорката Весела Честоева, присуствуваше на Првиот форум посветен на заштитата на културните добра преку соработка меѓу цивилните и воените структури. На овој настан, посебно внимание беше обрнато на успешните примери на соработка како на национално, така и на меѓународно ниво. Дополнително, се разгледуваше иднината на културното наследство преку користењето на напредни технологии и вештачка интелигенција. Темите од форумот вклучуваа приоритизација на листите на национално ниво, обезбедување специјална и засилена заштита, како и дигитално мапирање и формирање на специјализирани единици од вооружените сили за заштита на културните добра. Весела Честоева информираше дека на форумот е презентиран и Акцискиот План на УНЕСКО за соработка меѓу цивилните и воените структури во насока на заштита на културното наследство.
The post Претставници на Управата учествуваат на Форум за заштита на културното наследство на УНЕСКО appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: