Пржени шампињони со лук

Loading...

Состојки
3 чешниња лук
500 гр ситни шампињони
1 лимон
2 гранчиња магдонос, сув или свеж
100 мл масло
1/2 лажиче свежо мелен црн бибер

Со печурки имаме многу рецепти. Некои посложени, а некои едноставни и вкусни. Денес ќе напишам еден рецепт кој го вкусив одамна, па го приготвувам постојано во својот дом.
Порано шампињоните ги миев, па секогаш доаѓав до проблемот кога треба да се пржат долго заради водата што ја испуштиле.
Сега само ги зачистувам од надвор и ги користам.
Во садот во кој ќе приготвуваме ставаме масло да се загрее.
Ситно сецканото лукче го ставаме на маслото и запржуваме додека лукчето не ја добие стаклената боја. Шампињоните претходно спремни за готвење ги додаваме во садот.
Пржиме на средна температура.
Меѓувремено зачинуваме со сол, бибер и црвениот пипер.
Го додаваме сокот од свежо цедениот лимон.
Оставаме да се попржат додека не ја добијат таа румена боја.
Сервираме во сад и служиме.
Може да биде добар прилог со месо но и додаток со пире или засебно како мезенце.
На здравје со овој вкусен рецепт.

loading...