Приведени четири лица во Куманово, Тетово и Скопје

Loading...

Приведени четири лица во Куманово, Тетово и Скопје

Извадок од билтенот на МВР за вчера:

  1. На 14.05.2020 во 14.30 часот на ул.„Ј.Златаноски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(61) од с.Орашје, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронашле и одзеле таблети и прашкаста материја. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
  2. На 14.05.2020 во 15.35 часот, од полициски службеници од СВР Скопје, во Градскиот парк, бил лишен од слобода Н.С.(21) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризли и метална дробилка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
  3. На 14.05.2020 во 17.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во Градскиот парк, го лишиле од слобода Б.Џ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, семки од канабис и метална дробилка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
  4. На 14.05.2020 во 15.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кузман Јосифоски Питу“, при преглед кај 17 – годишник од Скопје, пронашле нож. Направен е записник за сторен прекршок од Законот за оружје.“
* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...