Приведен дилер од Битола, при претрес пронајдени кокаин и марихуана

Loading...

Денеска (18.06.2021) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.С.(26) од Битола, поради постеоње основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом, други простори и возила кои ги користи И.С., при што биле пронајдени и одземени 16 пакувања кокаин, две пакувања марихуана, електронска вага, предмети со траги од кокаин и пари. За случајот е известен Јавен обвините од ОЈО Битола, до каде против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...