Приведен еден од неформалните лидери на “Жолтите елеци“ во Париз

Ерик Друе, еден од неформалните лидери на движењето “Жолти елеци“, е приведен синоќа во Париз заради организирање протест без претходно да го пријави. Според изјавата на адвокатката Кеопс Лара апсењето е целосно неоправдано и произволно. Повторното апсење на нејзиниот клинет било по барање на префекрурата без Јавното обвинителство, кое според неа се покажало „дефинитивно послушно и прилагодливо“, бидејќи не се спротистави на мерката притвор за Друе, додаде таа.
Друе беше уапсен за време на протестите во Париз на 22 декември поради „носење на забрането оружје“ – стап и за тоа ќе му се суди на 5 јуни. Тој, исто така, предизвика контроверзи со повикот испратен преку ТВ БФМ за да „се влезе“ во Елисејската палата, иако потоа се одградуваше од своите изјави.
Марин Ле Пен, претседателка на Национален сојуз и Ерик Кокерол, пратеник на Бунтовна Франција го осудија апсењето на Друе посочувајќи дека се врши „систематското кршење на правата“ на противниците на Макрон и нивен „прогон“.

Loading...