Приведен неготинец осомничен за убиство

Loading...

Обвинителството поднесе кривична пријава за за кривично дело „убиство од небрежност“ против 44-годишно лице (Д.К.) од Неготино. На 20 април годинава во Неготинското село Тимјаник Д.К. го убил 50-годишниот (Ј.Д.), соопшти МВР.
Кривичната пријава е поднесена вчера од полициската станица Неготино, со што е расчистен случајот, откако на 20 април околу 18:30 часот убиениот бил пронајден во месноста „Селиште“ – Копришница, атар на општина Демир Капија.
Телото на починатиот било предадено на обдукција. Според документираните сознанија од истрагата, на 19 април од небрежност со ловна пушка „ТОЗ 63“ Д.К истрелал во правец на Ј.Д, нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел на телото, наведуваат од МВР.

loading...