Прием кај кралот Чарлс Трети во пресрет на погребот. Бајден ги предводи светските лидери

Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во Лондон ноќта меѓу сабота и недела за да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора денеска.

Бајден ќе ги предводи светските лидери на денешното испраќање на британскиот монарх.

Прием кај кралот Чарлс Трети во пресрет на погребот. Бајден ги предводи светските лидери

Во пресрет на погребот, доцна синоќа, новиот британски владетел, кралот Чарлс Трети, со сопругата кралицата Консорт Камила и британската премиерка Лиз Трус, организираа прием за светските претставници во Бакингемската палата.

За кралот, дипломатските обврски започнаа во саботата со состанок со претставници на 14 кралства на Комонвелтот, вклучувајќи ги Канада, Нов Зеланд и Австралија.

Освен Бајден, на погребот ќе присуствуваат и Емануел Макрон, претседател на Франција, Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција, Жаир Болсонаро, претседател на Бразил, канадскиот премиер Џастин Трудо…

Кралските семејства ги предводи јапонскиот император Нарухито, за кого ова е прво патување во странство откако дојде на тронот во 2019 година, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, шпанскиот крал Фелипе Шести, како и неговиот татко Хуан Карлос I, кој абдицира во 2014 година и сега живее во егзил.во ОАЕ.

Европските кралски семејства ќе ги претставуваат холандскиот крал Вилем Александар, белгискиот крал Филип, норвешкиот крал Харалд V, данската кралица Маргарет, шведскиот крал Густаф Шеснаесетти и кралицата Силвија, принцот Алберт од Монако…

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.