Признајте, колку ви е важно што ќе кажат другите!

Loading...

Лежиме на плажа, задлабочена сум во својата книга која зборува за некаква романса од минатото, а до мене е друштво од 5 девојки. Не можат да се наместат за селфи, не си се допаѓаат како излегуваат на фотографиите, не им се допаѓаат филтерите, не знаат како ќе бидат видени во очите на другите.
Тоа ме натера да се замислам колку пати и јас го имам направено истото. Обично селфи во автомобил кон работа, со хаштаг #спонтано, а всушност се имам пресликано повеќе од 100 пати. Велам дека не ме интересираат другите, дека не живеам за лајкови, им се смеам на девојките до мене за тоа што го прават, а јас не сум поинаква.


Сите ние имаме некакви вакви навики и важно ни е што ќе кажат другите.
Во такво некое време живееме. Вредиме колку бројот на лајкови на Фејсбук, срцињата на Инстаграм, убавите коментари кои ги имаме. Ставаме филтери еден врз друг, од различни апликации, само бидејќи не сакаме да се прифатиме онакви какви што сме. Не си се допаѓаме. Брчки, лош тен, подочници, целулит. Не се сакаме такви. Се сакаме совршени. Но, не сме совршени.
Го пропуштаме животот, не живееме.
Наместо подигнување на градите, да ги прифатиме тие што ги имаме.
Наместо страв од брчките, да бидеме среќни бидејќи тие се симбол дека сме живееле и сме се радувале.
Наместо поглед на себе, да погледнеме во себе. Да видиме што имаме таму.
Да заборавиме на тоа што мислат другите. Да престанеме да се замараме за тоа како живеат другите. Помалку да мислиме, повеќе да живееме.

loading...