Принцезата Ана носеше Адидас очила на кралската свадба

Loading...

Aко сте уморни од оној тренд на мали и коси очила за сонце, принцезата Ана има шик предлог за вас.
Ќерката на принцезата Елизабета на свадбата на нејзиниот внук Хари и Меган Маркл се појави во шармантно крем палто и златен фустан, но сето внимание го одземаа Адидас очилата за сонце кои таа ги додаде на изгледот.
Веројатно овие очила досега сте ги сретнале претежно кај спортистите кои сакаат да се заштитат од УВ зраците преку квалитетните стакла, но никогаш на некоја дама на кралски настан.
Токму поради овој избор таа беше една од најфотографираните меѓу гостите, бидејќи очилата беа нешто сосема неочекувано и тренди.


Овие очила за сонце се очекува да направат „бум“ ова лето, со оглед на тоа што можеме да ги видиме во голем број колекции меѓу кои и онаа на Стела Мекартни, во колекцијата на Ријана за Пума и секако, Адидас.
Се чини дека принцезата Ана прва го отпочна овој тренд за кој девојките на социјалните мрежи допрва ќе говорат.

loading...