Принцот Чарлс по втор пат е позитивен на корона вирусот

Принцот Чарлс е позитивен на корона вирусот, соопшти британската кралска резиденција.
Престолонаследникот беше позитивен на корона за прв пат во март 2020-та година.
– Од утрово принцот од Велс е позитивен на КОВИД-19 и сега е во самоизолација – се наведува во соопштението и се додава:
– Принцот Чарлс е длабоко разочаран што нема да може да присуствува на денешните настани во Винчестер и ќе се обиде да биде во можност што е можно поскоро.
Принцот Чарлс првпат беше позитивен на корона вирусот на почетокот на пандемијата во март 2020-та година.
Синоќа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила присуствуваа на прием во Британскиот музеј, не знаејќи дека е позитивен на вирусот, пренесува „People“.
Тоа беше нивно прво заедничко излегување откако кралицата Елизабета објави дека Камила ќе биде признаена за кралица кога нејзиниот син еден ден ќе го преземе тронот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.