Припремете се за летото со овие нутриенти

Loading...

Високите температури и UV-зрачењето дефинитивно ни налагаат и посебен начин на исхрана, како би останале свежи, енергични и со зачувано здравје и во текот на летото.
Еве на кои нутриенти треба да обрнете внимание во летните денови:
Каротеноиди
Каротеноидите се пигменти кои природно се наоѓаат во овошјето и зеленчукот и ја даваат неговата боја. Бета-каротен, ликопен, лутеин и зеаксантин се пигментите кои даваат портокалова, црвена и жолта боја на плодовите, а се и одлични антиоксиданси, исклучително потребни во летниот период.
Бета-каротенот во човековиот организам се конвертира во витамин А и заедно со лутеинот и зеаксантинот имаат протективна улога затоа што ги абсорбираат штетните сини зраци кои навлегуваат во окото. Исто така, овие пигменти помагаат при потемнување на кожата и штитат од изгореници.
Главни извори на каротеноиди се: моркови, портокали, пченка, жолчка од јајце, домати и производи од домати, манго, мандарини, праски, кајсии, сладок компир, зачинот кари …
Хлорофил


Хлорофилот исто така е пигмент кој на растенијата им ја дава зелената боја.
Го нарекуваме уште и „зелена крв“ затоа што по состав е скоро идентичен со хемоглобинот, со таа разлика што наместо железо содржи атом на магнезиум.
Одличен е за детоксикација на црниот дроб, ја прочистува и подобрува крвта, рехидрира и регенерира.
Вашата кожа нема да биде сува после изложување на сонце доколку вашата исхрана во летниот период ја збогатите со овој зелен пигмент.
Храна богата со хлорофил: зелено-лиснат зеленчук: спанаќ, марула, блитва, штавел, кељ, прокељ; брокула, краставица, грашок, киви, авокадо, аспарагус, артичока, алгите спирулина и хлорела, зелени пиперки, зелени јаболка, млади тиквици …
Масла


Не само што штитат од кардиоваскуларни болести, деменција, Алцхајмер и многу други заболувања, незаситените масни киселини ги заштитуваат кожата и косата во текот на летото. За надворешна употреба собено ги препорачувам овие масла.
Витамин Д
Витаминот Д може да се синтетизира од страна на организмот, при изложеност на сончева светлина. Тој е единствениот витамин чија што активна форма е
хормон. Витаминот Д е липосолубилен и ја регулира апсорпцијата и употребата на минералите калциум и фосфор.
Витаинот Д не само што е важен за одржување на густината на коските, туку има улога во многу други невролошки и клеточни функции, како и во нормалниот раст и развој.
Со избалансирана исхрана и правилна изложеност на сонце се синтетизира доволно количество витамин Д, и кај здрав, возрасен човек нема потреба од суплементација.
Намирници богати со витамин Д, препорачани да се конзумираат во умерени количини во летниот период: лосос, путер, рибино масло, јајца, млечни производи …
Вода


Добрата хидратација е најважна во текот на летото. Трудете се да конзумирате до 3литри течности дневно, распоредени во мали дози во текот на целиот ден. Препорачувам барем половина од оваа количина да е обична вода, а остатокот може да се внесе во облик на природни, свежо цедени сокови, незасладен ладен чај, овошни коктели, алое вера гел и др.

loading...