Притворените патриоти се обратија до ДПМНЕ и Мицковски. Партијата има обврска да не заштити и да не не предаде

Loading...

До нас беше испратено писмо по пат на социјалните мрежи. Тоа е потресно и жестоко. Ја констатира реалноста и хоророт низ кој поминуваат Македонците во последните скоро две години. Нередактирано, онака како што е пратен пред вас е Манифест за вистината!
Почитувани бракја и сестри, ние притворените и прогонуваните родолјуби и патриоти веќе 10 месеци се наоѓаме во исклучително тешка ситуација. Нашите животи и нашите судбини се во рацете на други луѓе. Тоа е против божата волја, против принципите на ВМРО. Нашата идеологија, а не интерес, не врати во времињата на нашите предци, а тоа се занданите. Но, тогаш комитите во туѓи ќелии. Овој пат во наши, македонски ќелии. Ние, комитите на ВМРО, комитите на модерна Македонија заслужуваме борба и став на раководството на нашата партија. Нашите семејства, ние, нашите деца и граѓаните на Македонија ја бараат правдата и вистината. Во името на нашата идеологија и во името на постулатите на ВМРО бараме од вас, нашите водачи веднаш и неодложно да реагирате и застанете јавно и недвосмислено во наша поддршка за овој политички прогон. Ова е последната капка крв на македонскиот патриотизам. На македонската самосвест! На корените на ВМРО. Ние лежиме и ќе лежиме за ВМРО и Македонија, но не прифаќаме да бидеме предадени и продадени од нашите браќа. Ние сме луѓе од крв и месо, не стока за политички пазар. Нас политиката не не интересира. Ние немаме политицки амбиции за власт и функции. Ние сме борци, ние сме дел од народот на Македонија, горди Македонци, чија пот и жед за правда лута во судските ходници на политичкиот суд на власта. Бараме итно и безусловно да ни ги соопштите следниве работи:
1. Ставот на ВМРО за политичкиот прогон.
2. Конкретните активности на ВМРО во заштита на нашите права и борба за правда.
3. Безусловен политички притисок за прекин на политичкиот прогон.
4. Безусловно ослободување од притвор.
5. Бојкот на парламентот на Република Македонија.
6. Улична демократија за правда.
Во поглед на нашите барања братски и вмровски ве известуваме дека евентуалните политички пресуди за тероризам во сопствената држава ќе значат пресуда за престанок на последниот баталјон за Македонија и ВМРО. Вие нашите водачи, сте должни да ги браните интересите на македонецот по секоја цена. Затоа сте избрани да не водите. Во спротивно, доколку се повторува историското предавство на македонските патриоти како во историското ВМРО, ние патриотите, во духот на Божјата правда, во името на нашите семејства, во името на историските заклетви, ве известуваме дека Македонскиот народ ќе ја дознае вистината за 27 април. Македонците го бранеа уставот, а предавството го извршија немакедонците. Рокот од патриотските сили до вас, насите водаци е 20ти септември. Политиката не стави во зандани, политиката мора да не извади. ВМРОвски и Македонски е јавноста да ја знае вистината. Светот да ја дознае вистината. Вистината за слободна Македонија. Македонија која нема да е слободна се додека последниот од нас е во зандани од актуелниот режим. Братски е заедно да славиме и заедно да жалиме. Водачите водат и во славје и во тага. И занданите се заеднички во името на постулатите на ВМРО. Последниот крик на македонецот за правда е овој. Да живее ВМРО. На крај, ние не се плашиме од судот на власта, се плашиме од предавството на ВМРО. Благодариме однапред – притворените патриоти.

loading...