Притворот за Рашковски заменет од домашен со Шутка

Loading...

Притворот за Рашковски заменет од домашен со Шутка

Во Шутка е спроведен и сопственикот и управител на „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Рашковски ќе проведе 10 дена сам во ќелија согласно важечките протоколи за КОРОНА ВИРУСОТ.

Денеска Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во Основниот суд во Скопје, ја прифати жалбата на обвинителството и домашниот притвор го замени за ефективен притвор во Шутка.

Поранешниот генерален секретар на Владата и доскоро висок владин службеник е осомничен во случајот за јавна набавка на софтер за сообраќајни прекршоци кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело.

„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка,“ соопшти Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал кога беше приведен Рашковски.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...