Притвор за возачот на косовскиот автобус

Loading...

На возачот на автобусот од Косово, кој се преврте и излета од патот во Славонски Брод, Хрватска, му е изречен притвор од 30 дена. Судијата рече дека притворот е одреден поради опасноста осомничениот да избега.
„Судијата му одреди притвор на осомничениот, за да го спречи неговото бегство. Тој сега оди во истражен затвор во траење од 1 месец. Тој денеска се изјасни само околу притворот и не даде никаков доказ“, рече Фрањо Копуниќ, заменик државен обвинител.
Еден од адвокатите на возачот рече дека тој во ниеден момент не му рекол дека заспал.
„Успеав да разговарам кратко со него, жал му е за се што се случи. Според информациите што ги имам од него, тој во ниеден момент никому не кажал дека заспал“, рече адвокатот, Игор Чишпер.
26 полесно повредени лице се отпуштени од болницата, уште 15 се уште се лекуваат, а еден од нив е во тешка состојба.
Во сообраќајната несреќа во Славонски Брод загинаа десет лица , а 40 останати се повредени. Во автобусот имало вкупно 67 патници и двајца возачи, од кои едниот почина. Автобусот сообраќаше на редовната линија Франкфурт-Приштина.

loading...
Loading...