Притвор за дилер на дрога во Велес

Loading...

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице од Велес на 26 годишна возраст за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 1229 грама сместена во 4 стаклени тегли и наркотична дрога – хашиш во количина од 1.04 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата е пронајдена и одземена при вршење претрес од овластени полициски службеници врз основа на Наредба донесена од судија на претходна постапка.

Со оглед на постоење на основан страв дека осомничениот може да се даде во бегство или со влијание врз сведоци да ја попречува истражната постапка, како и можност тој да го повтори кривичното дело, по предлог на јавен обвинител, Основениот суд Велес на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...