При обид за насилно влегување во касарната “Гоце Делчев“ во Скопје, рането едно лице

Рано утрово во 02:53 часот е спречен обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информираат од Министерство за одбрана.
– Војникот што бил на стража постапувајќи според пропишаните процедури и постапки повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрели во воздух. Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи“, се вели во соопштението. Воена полиција, МВР и Јавен обвинител излегле на местото на настанот.
Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот, информираат од министерството за одбрана.

Loading...