При пад на хеликоптер во Норвешка најмалку четворица загинати

Loading...

Најмалку четири лица загинаа, едно е исчезнато, а уште едно е повредено откако во северна Норвешка се урна патнички хеликоптер, јавија спасувачките служби.
На летот на хеликопетерот од моделот Airbus AS350 на норвешката компанија Helitrans имало пет патници и пилотот. Хеликопетерот се урнал на југозападот од регионот Алта околу 17 часот по локално време. Повреденото лице е пренесено во болницата во Тромсе, објавија спасувачките служби.
Патниците во хеликоптерот, наводно патувале на музички фестувал во Хотспрела, кој се одржува викендов, пренесува агенцијата AFP. Управата на фестивалот на Facebook ги откажа концертите за саботата вечерта.
Причината за уривањето на хеликоптерот засега не е позната.

loading...