При потонување на траект во Ирак загинаа најмалку 83 лица

При вчерашното потонување на претоварен траект во реката Тигар во близина на Мосул загинале најмалку 83 луѓе, соопштија ирачките власти. На траектот имало повеќе од сто луѓе, меѓу кои жени и деца. Тие ја славеле курдска Нова година и доаѓањето на пролетта.
Причина за несреќата се технички проблеми, соопштија ирачките власти. По несреќата приведени се девет лица кои организираат превоз преку Тигар, објавија локалните медиуми.

Loading...