Синоќа во текот на претресот во просториите на “1ТВ“ одземени се компјутерите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од неговата канцеларија и компјутерот на синот на Катица Јанева кој е вработен во телевизијата, јавува репортерот на ТВ“21“.
Полицијата претрес извршила во канцеларијата на Јовановски, а целиот претрес имало налог и да биде сниман од страна на полициските единици.
Снимките на ТВ“21“ потврдуваат дека се одземени предмети од телевизијата, а како што дознаваме претресот се вршел со цел да се пронајдат пари кои биле добиени со изнуда. Засега нема информации дали се пронајдени.

При претресот во “1ТВ“ одземени компјутерите на Боки 13 и синот на Катица Јанева (ВИДЕО)
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...