Проблеми кај сите, најзагрозени метеопатите

Loading...

Поради изразениот топлотен бран кој од северните предели на Африка продира кон нашата држава биометеоролошките прилики во текот на следните неколку денови кај нас ќе бидат крајно неповолни. Особено кај метеопатите ваквите временски прилики ќе условат појава на главоболки, болки во коските, чувство на тежина во телото и главата, повремена нервоза и поспаност.
Заради потреба од стручна медицинска помош веќе е регистриран зголемен број на повици во Брзата помош.
Заради апсолутно нетипичното време за овој период од годината граѓаните со вакви симтоми би требало да се консултираат со својот лекар околу тоа што треба да преземат за ублажување на симптомите.

 

loading...