Пробудете се со стил: 4 фантастични предлози за летно кафе

Како и повеќето луѓе денот го започнувате со кафе? И… сакате нешто да промените! Е, па супер, и здодевно е секој ден да пиете исто кафе. Ви нудиме 4 одлични идеи како да промените нешто и секој ден да пиете кафе со различен вкус.

Чоколадно кафе
Во блендер миксајте 16 лажици ладно млеко, 1 1/2 лажица чоколаден крем со лешници и 2 лажици шеќер додека се создаде пена. Во чаша ставете издробен мраз, налејте го измиксаното кафе и украсете со шлаг.

Ајс кафе
Во чаша ставете 2 топки сладолед од ванила. Измешајте изладено кафе со ладно млеко, засладете по желба и прелијте врз сладоледот. Украсете со шлаг и рендано чоколадо.

Кафе со банана
Во блендер измиксајте исечкана и замрзната банана, кафе, 120 мл млеко и 20 г лешници. Додадете млеко по вкус, и украсете со шлаг и чоколадо.

Кафе со кокос
На пареа растопете 30 г млечно чоколадо. Во блендер миксајте кафе, 25 г парчиња чоколадо, 15 г кокос, 120 мл млеко и издробен мраз додека добиете хомогена смеса. Ставете во чаша, и украсете со шлаг, растопено чоколадо и парчиња кекси.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.