Продолжува битката за градоначалник на град Скопје

Loading...

Секое барање да се насочува гласот на граѓанинот е непристојно, бидејќи гласот е индивидуално право на секој граѓанин, но верувам дека добар дел од гласачкото тело на ЛДП/ДОМ ќе сака да продолжи поддршката за развој на Град Скопје со нашата програма вели актуелниот градоначалник Петре Шилегов, по најавите на владините коалициони партнери дека нема отворено да поддржат ниту еден кандидат од коалицијата на СДСМ.
-Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје што се гради и што расте и се развива… Скопје кое што продолжува патот да стане дел од друштвото на најразвиени европски претстолнини. Тоа можеме да го направиме сите обединети, дајте шанса на нашиот град, ајде да го движиме овој град напред а јас ќе бидам вашиот градоначалник кој заедно со градот и со вас нема да застане. Да се обединиме затоа што Скопје не смее да застане.- Петре Шилегов.
Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска повторно порача дека една од најважните цели за неа е да ја добие поддршката од сите скопјани без разлика на политичката определба, бидејќи со тоа ќе започне да се остварува новата визија за модерно и европско Скопје.
-Го поддржувам се она што е напредно, кое е за подобра иднина на градот и за подобра иднина на општините и верувам дека сите луѓе кои имаат коалициски капацитети и визија за подобро утре треба меѓусебно да си бидат поддршка, затоа верувам дека и г-динот Јакимовски исто како мене ќе ги повика сите граѓани на неговите општина а јас еве ги повикувам сите скопјани без разлика на поделба и политичка определба да ме поддржат во оваа моја трка за градоначалник на Скопје.- Данела Арсовска.
На првиот круг од локалните избори Арсовска освои околу 86 илјади гласа или скоро 8 илјади повеќе од нејзиниот ривал Шилегов кој освои нешто над 78 илјади. Останатите 10 кандиати кои отпаднаа од трката освоија околу 50.000 гласа…

loading...
Loading...