Продолжува падот на европскиот пазар на автомобили

Loading...

Европскиот пазар на автомобили се намали во февруари за дополнителни 10,5 отсто, покажуваат податоците за февруари на Здружението на европски производители на автомобили (ACEA), а единствена светла точка била Велика Британија.Во минатиот месец 26 членки на Европската унија (без Малта)  регистрирани се 795.482 нови возила.Претходно во јануари европскиот пазар се намали за 8,7 отсто, со регистрирани 885.159 нови возила.Растот на бројот на нови автомобили повторно е забележан само во Велика Британија, за 7,9 отсто. Сите останати големи пазари во ЕУ бележат пад, кој се движеше од 9,6 отсто во Шпанија, 10,5 отсто во Германија, 12,1 отсто во Франција и 17,4 отсто во Италија.За првите два месеца од годината, во Еу биле регистрирани 1.681.073 нови возила, што е намалување за 9,5 отсто.Во целата 2012 година продажбата на автомобили во ЕУ (без Малта) паднала за 8,2 отсто, на 12,05 милиони возила. Се проценува дека во минатата година производителите на автомобили во овој регион загубиле околу седум милијарди долари.Европскиот пазарен лидер Volskswagen во февруари забележа пад на продажбата на брендот  VW за речиси десет отсто, а на луксузниот бренд Audi за 3,8 отсто.Само три бренда успеале да ја зголемат продажбата во февруари. Корејски Hyundai забележа раст од 1,4 отсто, Mazda за 13,1 отсто, а Honda за 27 отсто.
МакфаксЕвропскиот пазар на автомобили се намали во февруари за дополнителни 10,5 отсто, покажуваат податоците за февруари на

loading...
Loading...