Продолжува потерата по поранешниот полицаец во Калифорнија

Loading...

Потрагата по одбегнатиот поранешен полицаец, убиец на три лица, е продолжена во саботата по планината на сојузната американска држава Калифорнија, откако хеликоптерите беа приземјени поради снежното невреме од ноќта од петокот кон саботата.

 
Поранешниот полицаец од Лос Анџелес, 33-годишниот Кристофер Дорнер објави војна против колегите полицајци и нивните семејства во прогласот што го објави на интернет во кој се жали поради неговото исфрлање од редовите на калифорниската полиција во 2008 година.
Потерата по Дорнер е концентрирана на областа од езерото Биг Бер во планината кај Сан Бернандино, откако во четвртокот во таа област е пронајден неговиот запален камионет. Обилниот снегот кој наврна доцна ноќта во петокот околу езерото Биг Бер, сместено 130 километри североисточно од Лос Анџелес каде температурите се спуштиле на минус 7 Целзиусови степени.
Поранешниот полицаец Дорнер во својот поход поради губењето на работното место досега уби три и рани две лица.
Неговиот одмазднички поход почна минатиот викенд во гратчето Ирвин кога ја уби 28-годишната Моника Кван и нејзиниот вереник кој работел како обезбедувал на универзитет. Моника Кван била ќерка на пензиониран полицаец од Лос Анџелес кој го застапувал Дорнер во дисциплинската постапка којашто завршила со негово исклучување од полицијата.
Во четвртокот во престрелка уби еден полицаец ви Риверсајд и рани уште двајца.
„Човекот прогласи ‘вендета' на сите сили за спроведување на законот во јужна Калифорнија. Тој знае што работи. Ние го обучувавме…, бил и војник. Ситуацијата е многу загрижувачка”, изјави на прес-конференција началникот на лосанџелеската полиција, Чарли Бек.
Полицијата претпоставува дека Дорнер, висок и крупен човек кој со својата појава делува застрашувачка, е добро вооружен. Потрагата по него се протега на огромната област од Сан Диего, каде наводно бил забележан во средата, сѐ до планините североисточно од Лос Анџелес. Според бројот на вклучените луѓе, станува збор за најголема потера на некој криминалец во историјата на полицијата на Лос Анџелес.
Макфакс
Потрагата по одбегнатиот поранешен полицаец, убиец на три лица, е продолжена во саботата по планината на сојузната американ

loading...
Loading...