Продолжува реконструкцијата на пешачките и велосипедски патеки на булеварот „Гоце Делчев“

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје од денеска продолжуваат со реконструкција на пешачките и велосипедските патеки по должина на булеварот Гоце Делчев во насока од стоковна куќа „Мост” кон мост „Гоце Делчев”.

Денеска се вршат  почетните позиции машински ископи на оштетениот материјал, односно бекатон плочи и руиниран асфалт и се подготвува површината за асфалтирање.

Во изминатиот период  беше реконструирана едната страна од булеварот, односно пешачки и вело патеки од страната на катната гаража на површина од околу 1.800 квадратни метри која реконструкција вклучуваше и два пешачки острови.

Во текот на следниот период екипите продолжуваат со активности за  реконструкцијата на патеките на булеварот „Гоце Делчев“ од страната на скопската тврдина Кале.

Со реконструкцијата на пешачките и вело патеки на булеварот „Гоце Делчев“ ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите на овој потег.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.