Продуцентите на „Библија“ ја негираат сличноста меѓу ликот на Сотоната и Обама

Loading...

Популарната американска телевизиска серија „Библија“ предизвика контроверзии бидејќи некои гледачи воочиле физичка сличност меѓу актерот кој во серијата го глуми Сотоната и претседателот на САД, Барак Обама, меѓутоа продуцентите во понеделникот објавија дека „секоја сличност е случајна“.Полемиката изби кога телевизискиот канал History Channel ја емитуваше последната епизода од популарната серија во неделата навечер во којашто мароканскиот актер Мохамен Мехди Уазини ја толкуваше улогата на Сотоната.Од History Channel соопштија дека продуцентите на серијата, која гледачите ги води низ приказните на Стариот и Новиот Завет, немале за улогата на Сотоната намера да ангажираат актер кој наликува на американскиот претседател Барак Обама, како дека секој сличност е сосема случајна.„Тоа претставува крајна бесмислица“, изјавија продуцентите на „Библија“, Марк Барнет и Рома Дауни, напомнувајќи дека Уазани е ценет и позната марокански актер кој и претходни, многу пред Обама да биде избран за претседател, толкувал слични ролји.
МакфаксПопуларната американска телевизиска серија „Библија“ предизвика контроверзии бидејќи некои гледачи в

loading...