Променливо време во текот на целиот викенд

Loading...

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Од претпладне, особено на запад, ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне повремен дожд ќе има и понекаде на северот и североистокот, а до крајот на денот врнежите ќе престанат.
Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, а максималните од 26 до 33 степени.


Во Скопје слично време со услови за повремен дожд претпладне. Попладне краткотрајно ќе има поинтензивен ветер, а облачноста до крајот на денот ќе се намалува. Температурата ќе се движи од 14 до 28 степени.
Од недела следува период на претежно суво време со засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Температурата ќе биде малку пониска во однос на денес, но ќе се задржи релативно топло со посвежи утра.

loading...